Македонците како да не се премногу исплашени од коронавирусот – погледнете што се случува на улиците и кејот во Скопје
И додека Италијанците пеат и свират на своите прозори и балкони, нашите момчиња и девојки уживаат во убавото време.
Имено, речиси цела Италија е во карантин, но граѓаните на оваа земја не се предаваат. Па така вчера беше објавен апел преку социјалните мрежи до сите што се во изолација да излезат на своите прозори и балкони во 18 часот, со своите музички инструменти и заедно да запеат како целата земја барем за неколку минути би се претворила во еден голем концерт. И тие се јавија на повикот. Италијанците на сиот глас ја пееја химната како и фудбалските навивачки песни со кои сакаа да го подигнат моралот на 60-те милиони жители затечени од пандемијата Ковид-19.
И додека тие седат во карантин и ги пеат своите песни, нашите сограѓани го искористија убавото време за прошетка.
Некои беа на кафенце и покрај препораките да не се излегува, а други решија да го задржат својот спортски дух и вежбаа на кеј. Како да е нормален пролетен ден парковите беа полни со луѓе, со родители и мали деца, а згодните скопјанки кои очигледно не се премногу загрижени за корона вирусот, се шетаа по убавото време. Погледнете како изгледаше сето тоа.
Центар „мирно“, во Чаир „врие“
Од друга страна пак, по одлуката на Владата – кафетериите и рестораните да работат до 18 часот, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат излегоа на терен. Се собраа во 17:30. Ги ставија маските и ракавиците и со униформа се качија во автомобили. Десетици инспектори се распоредија на разни локации во Скопје – некои во центарот на градот, а некои во околината, пишува Тв21.
Екипата на телевизијата заедно со инспекторите беше на терен низ Дебар Маало. веќе во 18.00 часот светлата беа изгаснати, и можеа да се забележат само сопствениците, пишуваат тие. Но за разлика од центарот на градот, телевизиската екипа продолжи сама и без инспектори и во 18 и 30 часот се појави на улицата „Јахја Паша“. Рестораните беа затворени, но во чајџилниците тие забележаа дека сс уште има луѓе. Иста ситуација беше и со чајџилниците што се наоѓаат блиску до скопскиот стадион. Кога екипите се приближиле да поразговараат со одговорниот на чајџилницата, тој ги нападна и тоа со доста банални зборови.