Реклама
Вирално

Загрижувачки вести, уште една држава во која живеат многу Македонци во опасност од коронавирусот – бројот на заразени нагло расте

Реклама

Луѓето се очајни

Бројот на инфицирани од корона вирус во оваа земја драстично порасна во последните неколку дена и во моментот изнесува 800 јавуваат светските агенции.

Маркетинг

Според податоците од Министерството за здравје на Австрија, има регистрирано 800 потврдени случаи со корона вирус, што е за 100 повеќе за помалку од 24 часа.

Од појавувањето на првиот заразен со овој вирус во Австрија, што се случи при крајот на февруари, направени се 7467 тестирања, а тестовите се спроведуваат обично само кога постои сомнеж за инфекција.

Маркетинг

Министерството соопшти и дека досега излечиле шест лица, а едно лице ја изгубило битката со вирусот.

Покраина со најголем број инфицирани е Тирол, каде во моментов има околу 200 потврдени случаи.

Во оваа покраина австриската влада два региона стави во карантин, бидејќи таму беше забележано натпросечно ширење на вирусот. На второ место по бројот на инфицирани е покраината Горна Австрија со преку 100 случаи, потоа следува Долна Австрија со 86, додека во Виена има 85.

Прва жртва во Словенија

Во прашање е постар маж од Метлика, гратче што се наоѓа во југоисточна Словенија, на самата граница со Хрватска, кој живееше во дом за стари лица.

Мажот почина во инфективното одделение во болницата во Љубљана. Попладнево медиумите во Словенија објавија дека седум од штитениците и петмина од вработени во домот за стари лица имаат корона вирус.

Метлика последната недела беше едно од жариштата на заразата со коронавирусот во Словенија откако повеќе лица беа заразени во секундарен контакт со доктор од тамошниот здравствен дом кој се вратил од Италија и бил првиот случај на зараза. Тој три дена по враќањето од скијање во Италија дежурал во амбулантата и бил во контакт речиси со стотина пациенти, но и со штитениците од локалниот дом со пензионери на кои им бил доктор.

Според податоците во Словенија има 181 лица кои се заразени со корона вирусот, што е за 30лица повеќе од вчера, а тестирани се вкупно 5639 примероци, беше изјавено на конференцијата за новинари.

Претседателот на владата Јанез Јанша повтори дека во новата фаза на епидемијата во Словенија најважна е самоизолацијата.

Шест нови заразени во Македонија

Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција изјави дека се тестирани 12 луѓе, од кои позитивни се 6. Има една пациентка која се вратила од Барселона, а за сите други патници од авионот дадена е наредба за изолација. Жената е од Скопје.

Другите заболени се од Дебар, со што вкупната бројка се искачи на 18, соопшти министерот Венко Филипче.

Многу е важно да се забави процесот

„Да се забави ширењето е многу важно бидејќи болниците и лекарите имаат свои капацитети кои не сакаме да ги преминеме. Исто така, постојано дознаваме кои лекови делуваат и развиваме нови протоколи на лечење. Но ако морате да бирате, сигурно е дека е подобро вирусот да го добиете за шест месеци, а не денес“, вели епидемиологот од Хардвард Марк Липситч во интервју за германскиот Шпигел.

Ова е почеток, пред нас е најстрашното!

Познатиот водител Џо Роган како гостин во својата емисијата го покани докторот Мајкл Остерхолм, светски признат експерт за епидемиологија и јавно здравство, кој е професор во Универзитетот во Минесота и поранешен министер за надворешни работи за здравствена безбедност и автор на книгата „Најсмртоносниот непријател – нашата војна против опасните микроорганизми“. Во текот на разговорот овој познат епидемиолог своето занимање во недостиг на релевантни термини го опиша како „медицински детектив“.

На прашањето колку епидемијата од корона вирусот, која Светска здравствена организација ја прогласи за пандемија, е навистина сериозна и колку треба да бидеме загрижени, познатиот епидемиолог веднаш го истакна аспектот кој често се предвидува околу оваа епидемија.

„Прво морате да сфатите нејзиниот тајминг, односно дека ова е само почеток. Така да во смисла на штета, болка, страдање и човечки животи што ги предизвика, ова навистина е само почеток. Ова ќе се развива уште со месеци, но мислам дека тоа луѓето не го сфаќаат“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button