Конечно добри вести за коронавирусот – овие три работи се најважни во лекувањето, во Италија излечен првиот пациент
Докторите од Италија успеаја да го излечат првиот пациент заразен со вирусот корона во оваа земја. Еден од нив, Францеско Мојоли, за весникот „Corriere della Sera“ откри како го направиле тоа.
Маж (38) на интензивното одделение заврши во многу сериозна состојба на 20 февруари, но до 9 март повеќе не мораше да има инкубациска цевка за дишење и закрепнува пишува весникот „Corriere della Sera“.
Вирусот корона сериозно може да влијае и на најмладите. Младите имаат повеќе оружја за борба против вирусот – третман за оживување кој вклучува шок-терапии со коктели од антивирусни лекови, антибиотици и експериментално, оние кои се користат за лечење на ХИВ, кои полесно ги поднесуваат оние што не се физички слаби, изјави Францеско Мојоли, а пренесе хрватскиот весник „Вечерње новости“.
За лечењето да биде успешно мора да постојат три фактори – терапија со која се одржува виталноста (хидратација, вештачко хранење и сл), третман со коктели со експериментални лекови и отсутност на дополнителни проблеми, објасни овој доктор. Тој додаде и дека значајно зголемување на шансите за оздравување има и доколку пациентот нема и други паталогии, а тоа значи, освен градите и другите органи да функционираат добро. Кај младите луѓе лечењето е посложено ако постојат и компликации во лечењето на другите органи како срцето, црниот џигер и бубрег, додаде Мојоли.
Критично, но стабилна состојба е добар знак. Мажот е во болница веќе три недели па лекарите успеаја да го сфатат текот на болеста – состојбата брзо се влошува, потоа следува долга фаза на стабилизација и конечно подобрување.
Пациентот сега е во единицата за полуинтензивна нега во Сан Матео и се наоѓа во фаза која лекарите ја нарекуваат „одвикнување “, во која шок терапиите постепено се запираат, самиот дише и е во полусвесна состојба.
Мојоли додаде и дека тој станал симбол на фактот дека вирусот може да се лечи дури и кога пациентот е во многу лоша состојба.
Шест нови заразени во Македонија
Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција изјави дека се тестирани 12 луѓе, од кои позитивни се 6. Има една пациентка која се вратила од Барселона, а за сите други патници од авионот дадена е наредба за изолација. Жената е од Скопје.
Другите заболени се од Дебар, со што вкупната бројка се искачи на 18, соопшти министерот Венко Филипче.
Министерот најави и дека следните денови ќе биде зајакнат кадарот во болницата во Дебар. Граничниот премин на аеродромот Свети Апостол Павле за 48 часа ќе се затвори.
Техничкиот премиер Спасовски повика на одговорно однесување
Сега е време да покажеме дека сме организирано општество, изјави денеска техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Вели дека сите граѓани мора да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирусот. Toj рече дека кризната состојба во Дебар и Центар Жупа ќе трае 30 дена, а потоа ќе се знае дали ќе има потреба од продолжување.
Многу е важно да се забави процесот
„Да се забави ширењето е многу важно бидејќи болниците и лекарите имаат свои капацитети кои не сакаме да ги преминеме. Исто така, постојано дознаваме кои лекови делуваат и развиваме нови протоколи на лечење. Но ако морате да бирате, сигурно е дека е подобро вирусот да го добиете за шест месеци, а не денес“, вели епидемиологот од Хардвард Марк Липситч во интервју за германскиот Шпигел.
Кога станува збор за затворање на школите и факултетите, Липситч вели дека не знае дали ова се ефективни мерки бидејќи имаме работа со епидемија во која улогата на децата се уште не е јасна, што досега не било случај.
Тој исто така предупредува дека една од грешките што може да се направи во епидемиологијата е прерано да се тргнат заштитните мерки, по што може да се зголеми бројот на заболени. На прашањето дали коронавирусот долго време ќе биде меѓу луѓето, овој епидемиолог вели дека постои голема можност за тоа. „Можеби ќе имаме долг период без трансмисија на вирусот за година-две затоа што вирусот ќе се рашири и повеќето луѓе ќе станат имуни.“
Липситч ова интервју го даде за „Шпигел“ пред италијанската влада да одлучи цела земја да ја стави во карантин.