Пејачката Елена Рисетска на својот Инстаграм профил објави фотографија на кја прави „опасни“ пози, кои не баш секој може да ги изведе, осовен оние што постојано ги практикуваат.
Облечена во во хеланки и кратко блузиче, Еленче ги воодушеви своите следбеници.Она што го прави подобро се гледа, отколку што се опишува со зборови.
Нашата пејачка одамна практикува јога .Целите на јогата се различни и се движат од подобрување на здравјето до достигнување на Мокша – ослободување.
Во рамките на хинду-училиштата на Адваита Веданта, шавизмот и џаинизмот, целта на јогата добива форма на Мокша, која е ослободување од сите световни страдања и циклусот на раѓање, до точката на сфаќање на идентитетот со Врховниот Брахман. Во Махабхаратата, целта на јогата е различно опишана, како влегување во светот на Брахма, како Брахман, или како спознавање на Брахман или Атман, кој продира низ сите нешта. За училиштата бхакти за Ваишавизам, бхакти или самиот обред на Свајам Бхагаван може да биде крајната цел на процесот на јога, каде што целта е да се ужива вечна врска со Вишну.
Јогата е древна духовна наука која ги комбинира филозофското учење со физичките и менталните вежби. Таа потекнува од Индија, каде за прв пат се споменува во Ведите- светиот текст кој датира од 500 година п.н.е.. Почетоците на Јогата биле развиени од страна на Индус-Сарасвати цивилизацијата 5000 години п.н.е. Подолу можете да го погледнете 20-минутното видео за почетници. Јогата е донесена на Западот од Индијски гуруа во крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век, каде со ентузијазам беше прифатена за нејзината здраствена, емоционална и духовна полза.
Постојат многу различни стилови на јога, некои повеќе физички од другите. Најпознатите видови ги вклучуваат Хата, Аштанга, Кундалини, Раџа и Тантрик јога. Луѓето обично ја одбираат онаа во зависност на нивните потреби, физички способности и приоритети.
Јогата често е поврзувана со сет на завземање на пози (или асани), но има многу повеќе од тоа, вклучувајчи ја специфичната теорија за човековата физиологија, која вклучува проучување на канали на енергија и енергетски центри или чакри.