Се’ додека не се разболиме, не знаеме колку вредело и колку треба да си го цениме здравјето. Кога имаме здравје – имаме се’. Оваа кратка молитва која е прикажана во продолжение можете да си ја изговарате во моментите кога чувствувате дека ви е потребна сила и храброст за да продолжите понатаму.
Господе, ти кој си семоќен и ми ја прати оваа болест. Нека биде волјата твоја, зашто ти знаеш што треба да направиш. Јас, твојот грешен слуга, ти се предавам во твоите раце. Те молам, отстрани ја од мене оваа болест и дај ми здравје, но нека биде волјата твоја. Ако треба да трпам, дај ми сила оваа болест полесно да ја поднесам. Биди покрај мене, теши ме и дозволи ми да ја видам светлината.
Поучи ме за низ оваа состојба да ја ценам твојата мака која ја поднесе заради нас, да го ценам патењето на другите болни и трудот на оние кои ги лечат и се грижат за нив. Верувам во тебе Господе, се фрлам кон тебе и те љубам со целото свое срце. Прости ми ако сум те навредил/а со некој грев, како што и јас им простувам на оние кои ме навредиле мене.
Со тебе сум Боже, и во здравје и во болест и смрт. Додека сум со тебе, не се плаѓам од ништо. Со тебе сакам секогаш да бидам, тебе вечно да те фалам и да те славам, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин.