Се породи преубавата Шехерезад, еве како изгледа 14 години по снимањето на култната серија
Берѓузар Корел, која побликата ја засака поради нејзината улога во серијата „1001 ноќ“, повторно стана мајка.
Актерскиот пар Халит Ергенч и Берѓузар Корел го добија второ дете, јавија турските медиуми, а по Али (8) тие добија уште еден син.
Двојката се уште не се огласи, ниту го објавија името на своето дете.
Шармантната актерка неодамна во интервју за магазинот „Хело“ истакна дека би сакала да стане мајка на девојче и дека веќе избрала име за неа – Лејла. Се утврди дека повторно носи машко дете, што исто ја израдува актерката. На прашањето дали се плаши што во домот ќе биде опкружена само со мажи одговори:
-Не сум воопшто исплашена. Дури и фактот што во куќата ќе бидат тројца мажи и сите ќе ме сакаат мене, прави да се чувствувам прекрасно.
Таа ги наведе и вредностите на кои ќе го учи својот син.
-На страна тоа што е момче, ќе бидам покрај него за да израсне во добра личност. Тоа истото го правам и со Али. Го учам, толку како што ќе го учам и неговиот брат, дека е важно да ги почитува сите луѓе, без оглед на полот, јазикот кој го зборуваат, религијата, бојата на кожата, сексуалната ориентација или облеката која ја носат – заклучи Берѓузар.