Резултатите од тестот стигнаа пред самиот натпревар
Најголемата кошаркарска лига на светот е суспендирана, јави еден од најинформираните новинари на НБА лигата, Адријан Војнаровски. Сезоната е суспендирана на неопределено откако играчот на Јута Џез, познатиот француски кошаркар Руди Гобер и тестиран позитивно на Ковид-19.
Натпреварот помеѓу Оклахома и Јута Џез е откажана непосредно пред самиот почеток, а единственото објаснување кое беше официјално објавено е дека се случиле „непредвидливи околности“.
The NBA has suspended the season.
Маркетинг— Adrian Wojnarowski (@wojespn) March 12, 2020
Беа најавени почетните состави и се беше во ред до самиот почеток. Но по разговор со судиите, екипите се вратија во соблекувалните, а судиите ја напуштија салата. По ова НБА соопшти дека играчот Руди Гобер е тестиран позитивно на коронавирус, а резултатот беше објавен непосредно пред почетокот на натпреварот.
Rudy Gobert jokingly touched every microphone & recorder in ZBBC media room on Monday. Tonight he’s not going to play against the OKC Thunder due to an illness pic.twitter.com/8dY5DWBTnt
— Lee Harvey (@MusikFan4Life) March 11, 2020
Новинарот Војнаровски извести дека двете екипи се во карантин во ОКЦ Арената и дека во тек е тестирање на играчите на коронавирусот.
NBA To Suspend Season Following Tonight’s Games pic.twitter.com/2PTx2fkLlW
— NBA (@NBA) March 12, 2020
Екипата на Јута се огласи со соопштение во кое беше потврдено дека францускиот кошаркар е позитивен на тестот.