Овој антибактериски гел особено е корисен кога постои зголемен ризик од добивање грип и други болести. Гелот можеме да го направиме и сами, во нашиот дом.
Антибактериски гел – зошто се користи?
АНтибактерискиот гел о другите течности за дезинфекција ги убиваат бактериите кои се наоѓаат на нашите раце и на површината која не’ опкружува. Од бактериите до болеста патот е прилично краток, па вреди да си имате сопствен антибактериски гел кој особено е корисен во ситуаии кога имаме ограничен пристап до сапун и вода или кога сме на места каде што ризикот од инфекција е зголем, како на пример во училиште или во козметички салони.
Антибактерискиот гел може да ги исуши рацете, па така, не треба да го користите на иритирана или оштетена кожа. Ако ви дојде во конткат со очите, измијте ги со млака вода.
Потребни состојки за правење домашен антибактериски гел:
- 1-2 лажички салицилен алкохол
- 60 милилитри алое вера гел
- 30 капки масло со антибактериско дејство (лаванда, цимет, еукалиптус…)
На сето ова можете да додадете и малку витамин Е за да ја заштитите кожата од исушување.