Реклама
MAMAКафе муабет

Кога зрачите со светлина, ги нервирате оние кои живеат во темнина

Реклама

Најверојатно имате се соочено со ситуација кога едноставно блескате од среќа и сакате тоа чувство да го споделите со целиот свет, а како одговор добивате само крив поглед и неодобрување. Зошто вашата внатрешна светлост толку ги нервира луѓето кои живеат во темнина?

ФОТО: psychologytoday.com

Навистина, тоа се случува многу често. Во нашиот живот постојат луѓе кои буквално се исполнети со светлост и ги осветлуваат сите околу себе, а оние кои зрачат спротивно не’ заслепуваат со својата токсичност. Просто е неверојатно оние отровните да се појавуваат точно во моментот кога сме среќни и сакаме да го прегрнеме целиот свет и да ја споделиме својата радост со сите.

Не за цабе се рекло дека завистта е илјада пати полоша од гладтта, затоа што тоа е духовна глад. Всушност, овие луѓе воопшто не се интересираат за вас и не им сте потребни во животот, баш како и тие вам, затоа што се многу деструктивни. Вистинските пријатели се оние кои не само ви пружаат рака во тешките времиња и ве поддржуваат, туку и оние кои со вас ја делат радоста и среќата.

Маркетинг

Светлоста и темнината се делови на човековата природа. Некој во душата има светлост, некој темнина, односно завист и злоба. Проблемот е што мораме да откриеме кој се обидува да не’ засени и да ни даде отров и гнев. Факт е дека ваквите луѓе ја одземаат енергијата и после нив се чувствувате полошо.

Запаметете дека вашата светлост треба да биде истакната и во светот да пружите добрина и радост. А луѓето кои живеат во темнина не би требало да ви се мешаат. Оддалечете ги храбро од вас и продолжете да му се радувате на животот!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button