Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Ова се сите љубови на Цеца: Овој Босанец го сакаше повеќе од Аркан, а овие ги криеше од јавноста

Реклама

Светлана Цеца Ражнатовиќ не сака јавно да ги експонира своите врски, но се уште е во фокусот на јавноста поради тоа.

Неодамна Цеца на листата на поранешни љубови додаде и еден манекен, па да се потсетиме кој се најде меѓу нејзините љубови.
Ова се сите срца кои Цеца ги скрши:

1. Владан Лукиќ
На почетокот на кариерата беше во врска со поранешниот фудбалер и претседател на Црвена Звезда Владан Лукиќ. Лукиќ беше првото познато момче на Цеца, меѓутоа таа врска не траеше долго. Тој своевремено изјави дека се запознале кога тој имал 18, а таа 15 години и дека Цеца била детска игра.
2. Дејан Марјановиќ Шабан

Маркетинг


Со Шабан почнува нејзината склоност кон жестоките момчиња. Додека беа заедно често беа гости на белградскиот клуб „Бојан Ступица“, а Марјановиќ во тоа време важеше за некрунисан крал на Звeздара. Изрешетан е 1994 година на булеварот „Револуција“.

3. Хајрудин Харо Самарџиќ
Додека живееше во Швајцарија на свои 20 години започна страсна врска со Харо Самарџиќ, естраден менаџер и фудбалер.

Маркетинг


Со него беше во врска три годин, а подоцна нивната романса не наиде на одобрување поради национализмот. Подоцна ја обвинуваше дека поради неа завршил во логор.

4. Жељко Ражнатовиќ Аркан
Во текот на престојот во Европа, додека го прелистувала германското издание на „Плејбој“, Цеца ја здогледала сликата на Аркан. Тогаш според нејзините зборови „го здогледала најубавиот маж на светот“. Аркан за врема на романсата со Цеца веќе беше оженет со Наталија Мартиновиќ, а тоа му беше втор брак.


Пејачката после 5 месеци го запроси Жељко. Се верија во 1995 години, а нивната свадба во медиумите беше наречена „свадба на деценијата“. Цеца со него доби две деца Вељко и Анастасија. Меѓутоа во јануари 2000 година Аркан беше убиен.

5. Андреј Кујунџиќ
Пејачката ирели возачот се запознаа преку заеднички пријател, а романсата почна на снимањето на неговата емиисија „Топ спид“. Беа заедно три месеци, по што Андреј и се врати на сопругата Марина.

6.Владимир Вуксановиќ


Владо и Цеца никогаш официјално не потврдија дека се во врска, но се шушкаше дека биле во романса од 2009 година. Таа постојано во медиумите изјавуваше дека се само пријатели.

7. Владимир Цветковиќ
Новосадскиот манекен беше првото момче за кое призна дека се забавувал и со кој се појавуваше во јавност после убиството на Аркан. Сепак, оваа романса не траеше долго зошто Владо и Цеца раскинаа по само 6 месеци врска.

8.Жељко Јоксимовиќ


Некое време се зборуваше дека овој пејач е многу вљубен во Цеца, и сето тоа откако ги објави двете негови познати песни. Прво настана песната „Црнокоса“, која наводно ја посветил на Цеца, по што таа веднаш се офарба. Жељко на тоа и возврати со песната „Дрска жено плава“. Останува мистерија дали некогаш нешто имало меѓу нив.

9.Александар Јововиќ
Цеца неодамна на својата листа на поранешни љубови го додаде и овој манекен. Тој неодамна тргна две заеднички фотографии што ги имаше со Цеца. Дури и престана да ја користи оваа социјална мрежа – последната фотографија ја објавил пред 58 недели.
За почеток тие двајца не сакаа никој да знае за нивната врска, но информацијата се појави неколку месеци по нивното забавување, а неколку месеци потоа Александар ги тргна сите заеднички фотографии. Можеби не можеа да го издржат притисокот од јавноста, па поради тоа врската пукна, но можно е да има и други причини – разлика во годините или некоја кавга.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button