Вирално

Индијците нудат генијално решение како да го намалиме ширењето на коронавирусот

Advertisement

Како да се поздравуваме со пријателите заради корона вирусот

Advertisement

Индискиот премиер Нарендра Моди го понуди бесконтактниот „намасте“ поздрав кој е традиционален во неговата земја како замена за ракување во време кога целиот свет се обидува да го спречи ширењето на вирусот корона.

Нарендра ја повика својата земја да се врати на старата традиција која потекнува од нивните корени во борбата против епидемијата Ковид-19.

Премиерот на Индија деновиве со иста цел ги повика и сите луѓе од целиот свет да позајмат некои од секојдневните индиски пракси. Тој посебно се осврна на „намасте“ – традиционалниот индиски поздрав, кој подразбира благо наклонување додека рацете ви се притиснати дланка за дланка, со прстите насочени нагоре и палците кон градите.

Advertisement

„Ако од било која причина престанавме да го користиме овој поздрав, време е повторно да почнеме да го користиме наместо ракување“ изјави Моди, додавајќи дека ваквиот поздрав е веќе популарен и на други места во светот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е еден од оние кои го прифатија овој традиционален поздрав, охрабрувајќи ги своите сонародници да го следат примерот од Индија кога е во прашање поздравувањето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button