Тој не сака во љубовта да е досадна, сака авантуристи и различни изненадувања.
Овенот е отворен тип на маж и сака дружење и разговор и лесно може да му пријдете.Бидете нежни. Не му е потребен придружник сличен на него. Покажете во сето ова и малку женственост!
Во љубовта и во бизнисот вложуваат сè во сè што сакаат, но колку долго ќе го сакаат – тоа зависи од вас. Започнете да го освојувате со насмевка и со вашата интелигенција. Ако не ве води здрав разум и комуникативна природа, подобро повлечете се.
Тие сакаат жени полни со самодоверба.Тој сака да биде воден од инстинктот, а не според некои посебни правила и насоки. Колку и да изгледа отворено никогаш не сте сигурни што мисли, покрај својата имплусивност знае да биде многу внимателен, со оглед на тоа дека поседува јак одбрамбен механизам, повеќе на психолошки отколку на емотивен план.Најдобро се согласува со : Близнаци, Вага, Водолија, Лав и Стрелци.