Љубовта подразбира слобода. Слобода да се истакнете во вистинско светло, а сепак да знаете дека сте сакани баш такви. Не е љубов ако те убедува да не се шминкаш, а после некој ден ти вели дека не се грижиш за својот изглед. На љубовта не ѝ е потребен конец за да биде врзана до партнерот. Љубовта не се задржува на сила.
Не е тоа љубов ако за некого треба да глумиш детектив. Да му ги следиш сите постапки, да внимаваш на секој детаљ, зашто длабоко во себе знаеш дека партнерот лесно може да скршне од вашиот заеднички пат. Не е љубов ако постојано треба да го испрашуваш и да го проверуваш. Не е љубов ако едната личност помислува и се труди да го направи другиот „совршен“, за да се пофали дека до себе има вистинска убавина. За жал, многумина се’ уште не разбираат дека внатрешната убавина, доколку постои, зрачи и однадвор.
Не е љубов ако после одредено време се погледнеш во огледало и веќе не ја забележуваш својата некогашна насмевка, ниту пак сјајот во очите. Љубовта треба да направи од една личност да блеска и да биде се’ поамбициозна. Не е љубов ако постојано си ги кажувате маните и никогаш не се трудите да го видите доброто во секоја ситуација.
Љубов е ако покрај се’, во целото сивило на денот, умееш да најдеш раце кои ќе те прегрнат и ќе направат за миг да исчезнат сите негативности, па заедно да потонете во вашиот заеднички свет…