Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Анастасија првпат проговори за Карлеуша: Не ме влечете за јазик, мајка ми никогаш не би се спуштила на тоа ниво

Реклама

Најпопуларната пејачка од помладата генерација Анастасија Ражнатовиќ беше на Копаоник, каде се одржа Music Week festival во организација на „Скај мјузик“, па во таа прилика проговори за некои актуелни теми од нејзиниот, но и од животот на нејзиното семејство.

Секако една од најсвежите беше рочиштето на меѓу нејзината мајка, фолк дивата Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша кое се ода минатата недела. По тој повод Анастасија истакна дека е многу горда на својата мајка за тоа како се однесува во сите животни ситуации па и во оваа:

-Немојте да ме влечете за јазик. Сакам да се однесувам пристојно во јавноста. Искрено немам што да кажам за тоа. Знаете, тоа трае веќе со години наназад. Коментарите на Карлеуша на сметка на мојата мајка. Можеби, кога бев помлада, сето тоа ме погаѓаше, но подоцна сфатив кој го изговара тоа. А кога таа личност која го кажува тоа, нема апсолутно никаква тежина, не е важно какви се тие зборови. Мислам дека мојата мајка направи една апсолутно најпаметна работа, молчеше и не се спушташе на тоа ниво, рече Анастасија за српски „телеграф“, по што се осврна на љубовта, односно на долгогодишниот партнер Ѓорѓе Кулиќ. Таа истакна дека нејзиното момче  не сака јавно да се експонираи дека таа се труди тоа да  го почитува максимално.

Маркетинг

-Моето момче не е од сферата на јавниот живот, така што во тоа не се разбира нешто најдобро. Дава тој свој коментар за се, но мојот и на мајка ми е последен (се смее). Не му годи медиумското внимание, тој воопшто не е од овој свет и не сака да се експонира што навистина го почитувам тоа. Тој не е јавна личност. Да сакаше да биде јавна личност, веројатно ќе посакаше да направи нешто по тоа прашање. Му се случи да се запознае со мене од тој свет и сега нема избор, готово е. Ако веќе не може да го одбегне тој вид внимание, нема ни да се турка да стои пред камерите, што е апсолутно негово право -рече младата пејачка, а потоа искоментираи за неодамнешната непријатна ситуација кога во јавноста исплива дел од песната „Хероина“ во вид на снимка која стана вирална на социјалните мрежи.

-Се чувствував ужасно. Страшно. Навистина бев очајна. Нема да лажам, многу ми беше тешко зошто очекував сите песни да ги објават зошто не знаев што точно од снимките имаат тие кои го направија тоа. За среќа, само „Хероина“ е објавена, останатите не се, така штотоа е среќа во несреќа – вели Анастасија и додава дека спотот за нејзиниот последен хит ќе се прави на крајот на март, а кон средината на април и публиката ќе може да го види.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button