Меган Маркл и принцот Хари до крајот на овој месец треба да ги завршат своите последни кралски задачи во Велика Британија.
И откако војвотката од Сасекс заедно со својот сопруг пристигна на доделувањето на наградите „ Endeavour “ каде некои од насобраните граѓани ја исвиркаа, три години постарата Меган реши да се појави и во Националниот театар, а од фотографиите што ги објавија на нивниот официјален профил на Инстаграм можеме да забележиме дека носи блуска од „Топшоп“ која чини околу 2000 денари.
И откако само пред неколку дена за првото појавување во Лондон по „ Megxit“ избра да носи син фустан од Викторија Бекам, за првиот самостоен настап реши да носи сина блуска каква можат да си ја дозволат и „обичните“ жени.
Но тоа не значи дека војвотката потполно се откажала од скапите парчиња – таа на нозете носеше високи потпетици од „Aquazurra“ од 800 долари, а целото издание го заокружи со здолниште од Роланд Мурет со слична цена.
Инаку Меган и Хари неодамна добија помош од легендарниот рок музичар Бон Џови. Хари го замоли да направи песна која треба да биде еден вид химна за Invictus Games, натпреварот за војници кои патат од ПТСП на кои Хари им е покровител.
По овој повод Џови ја обработи својата позната стара песна „ Unbroken“ и ја снимаше заедно со принцот Хари во култното лондонско музичко студио „Abbey Road“ во кое легендарните Битлси снимија 11 од своите 13 албуми.
https://www.instagram.com/p/B9G85ybJzbG/