Реклама
MAMAКафе муабет

Супер идеја: Денот на жената поминете го со вашата пријателка и потсетете се на сите заеднички моменти

Реклама

Некогаш со пријателките се среќававме секојдневно: на училиште, на факултет, на кафе… и тогаш делевме многу работи со нив. Тие го знаеја секој детаљ од нашиот живот, ги знаеја сите наши љубови, разочарувања, љубовни состаноци… Но, со текот на времето тие дружења поминаа и настапија многуте обврски кои ги носи животот. Лесните утра станаа брзи и полни со обврски, а честите долги разговори со најдобрата пријателка се сведеа на слушање еднаш до два пати месечно.

ФОТО: blog.oakparkplaceapts.com/

Но, времето поминато со пријателките е од особена важност, затоа што тие се моменти во кои можеме да си ги искажеме грижите, да споделиме совети и да добиеме поддршка. Затоа, особено е важно да ги негуваме овие односи. Со текот на годините дружењата се поретки, но тоа можеме да го спречиме, зар не? Ако се прашувате како, тогаш трикот се крие во тоа во вашиот распоред задолжително да вметнете термин за средба со пријателките, секако, кога тоа најмногу одговара на сите.

Еден од тие денови нека биде и денот на жената, како прв термин за кафе со вашата пријателка. Секоја година овој ден го славиме на 8-ми март, за да се потсетиме на влијанието на жените во општеството, правата кои ги имаат тие денес и како до нив дошле и што уште би требало да променат. Затоа, овој ден треба да го прославите со својата најдобра пријателка и заедно да уживате во вкусот на омиленото кафе.

Маркетинг

Пријателката ви треба за да ги споделите убавите моменти, но и можеби оние малку незгодните кои не сакате да ги откривате пред новонастанатите пријателства. Покрај се’, ќе се присетите и на вашите заеднички поминати моменти, ќе си навратите некои спомени, а преку разговорот сигурно и добро ќе се изнасмеете на некои ваши стари шеги.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button