Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Овните брзо се лутат, но и брзо простуваат

Реклама

Некои личности имаат поголем праг на толеранција, додека пак други брзо се нервираат.

ФОТО: flickr.com

Кога се лути, некои хороскопски знаци знаат да направат вистински драми, додека пак други едноставно се обидуваат да ги надмудрат соперниците. Во првата група спаѓа и Овенот, кој како огнен знак има тенденција брзо да се изнервира.

За Овенот се вели дека има „краток фитил“ и тоа значи дека тој е можност уште веднаш да се налути, дури и за најмалата ситница. Секоја навреда ја сфаќаат многу лично, како некој да им го напаѓа егото, а тоа страшно ги нервира. Но, добрата страна е тоа што колку брзо се лутат, толку брзо и им поминува лутината, простуваат и се однесуваат како ништо да не се случило.

Маркетинг

Овните знаат да имаат и напади на бес, оние кои имаат ваква личност до себе тоа многу добро го сфаќаат. Во ваквите моменти, тие се вцрвенуваат, викаат, се вознемируваат, при што од страна делуваат чудно за оние кои не ги знаат. Но, веќе наредниот момент тие забораваат на се’ што се случило и се претвораат во сосема друга личност.

Па, ако имате Овен до себе и ако го видите во вакви моменти, не реагирајте, туку оставете го да му помине лутината. Покрај се’, тоа не ги прави лоши личности. Ако пак сте во врска со Овен, тогаш ви треба повеќе трпение, но знајте дека тие умеат да сакаат и со целото свое срце. Иако на почетокот тешко се доверуваат, сепак, ако вас ве избрал некој Овен, тогаш ќе почувствувате огромна љубов која ќе трае засекогаш.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button