Реклама
MAMAКафе муабет

Треба ли патиките да ги переме во машина за перење?

Реклама

Најлесниот и најбрзиот начин да ги испереме патиките е да ги ставиме во машината за перење, да заборавиме на нив одредено време и да очекуваме да излезат како нови.

ФОТО: sheknows.com

Но, експертот и сопственикот на една компанија за чистење, Вил Ланкстон, открил зошто можеби ова и не е најпаметната идеја. „Ви советувам да не ги перете вашите патики на овој начин и никако да не ги ставате во машина за сушење. Топлината може да ги собере патиките и да го уништи лепилото кое ги држи. Машината за сушење може да ги смали патиките, во зависност од материјалот од кои се направени“.

Најдобриот начин за нивно чистење е лесно бришење со влажна крпа. Ланкстон исто така советува ставање на тениски топки во машината за сушење, ако сакате помеки пешкири. „Ако сакате пешкирите, капутите или перниците да ви бидат меки, ставете тенска топка во машината за сушење заедно со нив. Освен што се’ ќе ви биде меко и нежно, благодарејќи на тениската топка, се’ брзо ќе се исуши“.

Маркетинг

Вил со своите совети срушува и еден мит во убивањето на бактериите. Тој вели: „Премногу прашок за перење алишта може да ви создаде проблеми, како што е дамка на облеката и подолго сушење на истата. Исто така, перењето на висока температура не ги убива бактериите – ставете избелувач на база на хлор“. Секако, овие совети се корисни доколку сите услови ви дозволуваат да го направите истото.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button