Некои луѓе се родени со чувството дека ним им припаѓа целито свет. Тие сакаат сите работи да се вртат околу нив, сите да им го посветуваат своето внимание, а од животот не се задоволуваат со малку, туку секогаш тежнеат кон големи цели. Покрај другите, во ова се истакнуваат и овие два хороскопски знаци.
Јарец
Личностите родени во овој хороскопски знак живеат под мотото: Јас имам право и тоа е се’! Јарците не сакаат да им се докажуваат на другите, затоа што ним не им треба туѓо признание, туку тие знаат дека се совршени. Патуваат низ светот како да го поседуваат и се послужуваат со се’ – без разлика дали нешто им припаѓа или не. Јарците мислат дека целиот свет е создаден за тие да го освојуваат и дека имаат право да земат се’ што ќе им падне во очи, без да размислуваат за другите и за туѓите потреби. Ако дојдат на власт, е тогаш стануваат цинични и непринципиелни и едноставно не им е гајле за другите околу нив.
Близнаци
На оваа листа се наоѓаат и Близнаците. Не постои поголем сноб од нив, така што е сосема природно овој хороскопски знак да се чувствува добро. Иако сметаат дека живеат подобро од другите и дека имаат подобар живот, тие никогаш не ги добиваат тие удобности затоа што речиси никогаш не се задоволни со ништо.