„Пред се’, бидете херој на својот живот, а не жртва“ – мудри цитати за животот
По читањето на овие цитати за животот, бар за миг ќе застанете и ќе размислите за своето постоење. Тие ќе ви помогнат во тешките времиња и ќе ве поттикнат да размислувате во вистинскиот правец за иднината. Еве кои цитати би требало да си ги повторувате често.
„Животот не се мери со бројот на вдушувања, туку со бројот на моментите кои ни го одземаат здивот“.
„Животот ни се случува тогаш кога сме зафатени планирајќи нешто друго“.
„Животот на секој му дава онолку колку што има храброст да земе од себе..
„Животот не е во пронаоѓањето. Животот е да се создадете себеси“.
„Вашето време е ограничено, затоа, не губете го на нешто што не сте“.
„Пред се’, бидете херој на својот живот, а не жртва“.
„Помирно живеете кога не кажувате се’ што знаете, не верувате во се’ што ќе слушнете и само им се смешкате на останатите“.
„Најголема иронија е онаа кога си заљубен во вистинската личност, но во погрешен момент“.
„Ако го смениме начинот на размислување, ќе се промени и светот околу нас“.
„ Човекот не се сопнува од карпи, туку од мали камчиња. Затоа, секогаш наведнувајте ја главата, за да видите што има на патот“.
„„Ако го држите гневот во себе, тоа е исто како да се напиете отров, но да чекате некој друг да се отруе“.