Жената Оган е како жив оган – страствена, импулсивна, бунтовна, слободоумна, самоуверена, забавна, тврдоглава… Таа е бестрашна и е вистински лидер. Родена е да биде на врвот и секогаш е спремна за нови предизвици.
Жената Овен е голем оптимист и борец за своите права, но и за туѓите. Таа е голем авантурист и секогаш гледа напред, а минатото го остава зад себе. Како и сите, така и таа има мани, а нејзините најголеми се егоистичноста, преголемата тврдоглавост и љубомората. Во љубовта сака да презема иницијатива и да биде онаа која ќе ја заведи другата страна, а исто така сака да биде по нејзино. Честопати е магнет за мажите, затоа што ја доживуваат како многу интензивна и мистериозна, а освојувањето на една жена Овен неретко е вистински предизвик.
На оваа жена не ѝ е нужна романтиката, но сака внимание од партнерот. Таа е помеѓу ретките жени кои може да ги одвојат љубовта и сексот. Понекогаш ѝ е полесно да се изрази сексуално, отколку со зборови. Во сексот се отсликува нејзиниот авантуристички дух – обожава да испробува нови пози и нови места за секс.
Како и во љубовта, така и во пријателството може да биде како жив оган – во еден момент носи возбудување и хаос, а во друг веќе ја нема. Пријателствата со Овните честопати се интензивни, и иако некои пријателства не траат долго, сепак, оваа жена има и пријатели за цел живот.
Сепак, пријателите понекогаш тешко ја разбираат нејзината независност, а многумина пак знаат да ѝ бидат љубоморни поради оваа карактеристика. Кога излегува навечер, не ѝ требаат многу пријатели, туку само две-три блиски личности кои размислуваат слично како неа и кои се спремни да влетаат во луди авантури.