Во пролет обожаваме да си играме со боите и нијансите, а особено им се радуваме на ведрите и топли нијанси, но, оваа сезона ни носи посебен моден новитет.
Тоа е новитет затоа што бојата која ни ја одредија модните дизајнери, главно била наменета за некои студени и тмурни денови, а сега ја чекаме со доаѓањето на пролетта и сончевите денови.
Според пишувањето на Who What Wear, експертите за боја ја прогласиле класичната сина боја како тренд во 2020 година. Причината за тоа е што оваа боја е многу едноставна, а зрачи со елеганција. Она што е посебно во неа е тоа што дава младешки изглед.
https://www.instagram.com/p/B7fxXQ6hfbj/?utm_source=ig_embed
Познатите модни трендсетерки исто така препознале потенцијал во оваа боја, па самоуверено позираат облечени од глава до петици во неа.
https://www.instagram.com/p/B862ITvF7Yw/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B8mgcPLg6EO/?utm_source=ig_embed