Иако сериозен маж покрај севе сака амбициозна и зрела партнерка, повеќето од нив стравуваат од жени родени во знакот на Овен зошто нивната сила е неверојатна.
Тие се исклучително силни, одважни и храбри жени кои од мали нозе знаат дека со напорен труд и нескршив дух ќе остварат се што ќе посакаат. Повеќето мажи покрај нивсе чувствуваат инфериорно па прилично стравуваат од влегување во сериозна врска со нив.
Тие не се плашат да кажат кога нешто не им е по волја или кога сметаат дека некој не е во право, а поради високата интелигенција ќе влезат ворасправа на било која тема.
Жените во овој хороскопски знак покрај себе сакаат маж кој знае што сака и кој знае да се однесува кон нив како што тие заслужуваат. Ако увидат дека тоа не е случај, многу брзо ќе ја прекинат врската затоа што тие поскоро би останале сами до крајот на животот отколку со некој со некој кој не ги почитува и заслужува.
Жените родени во овој знак се голема инспирација на многумина зошто се вистински доказ колку цврстата волја и храброст можат да придонесат за подобар живот.