Разумни и трпеливи. Поседуваат внатрешен мир и добрина. Со крената глава ги примаат потешкотиите кои им ги носи животот. Дали сте на оваа листа?
Јарец
Оваа жена е сериозна и смирена и се чини дека е најмудра во Зодијакот. Дамата Јарец е воздржана, секогаш постапува совесно и знае да донесе вистински одлуки. Никогаш не ги меша кариерата и љубовната врска и ретко ги преминува границите. Смирено ги прифаќа даровите од судвината, и на крајот го добива она што го сака.
Водолија
Жената Водолија не е само фасцинантна, туку поседува и природна мудрост. Претставниците на овој хороскопски знак имаат свое гледиште на работите, но никогаш истото не им го наметнуваат на другите и никогаш не сметаат дека секогаш се во право. Не се обидуваат да го променат својот партнер и во животот ги прифаќаат работите онакви какви што се.
Девица
Девиците знаат да го прифатат животот целосно рационално. Тие се разумни и трпеливи, а во некои животни ситуации честопати пристапуваат како набљудувачи. Благодарејќи на тоа, тие многу гледаат и многу разбираат.
Бик
Ако ви затреба мудар совет за љубовната врска, обратете ѝ се на жената Бик. Таа ќе ви го пренесе своето искуство без проблем. Биковите поседуваат внатрешен мир и добрина, а својата доплина великодушно ѝ ја даруваат на околината.
Овен
Жените Овни се многу одговорни и сметаат дека го држат животот во свои раце. Тие трпеливо ја кренуваат главата и ги примаат потешкотиите кои им ги наметнала судбината. Жените родени во овој хороскопски знак со задоволство помагаат и се грижат за другите.