Животот е полн со подеми и падови. Не мислете дека вие сте единствените кои сега живеат на дното, зашто веќе утредента може да се најдете на врвот.
Ако имате храброст да признаете кога се плашите, способност да се смеете дури и кога плачете, самодоверба да побарате помош кога ви е потребна и мудрост да ја примите кога ви се нуди, тогаш имате се’ што ви треба за да го средите животот и да тргнете кон подобро.
Не ги користете неуспесите како изговор за да се затворите помеѓу четири ѕида и да се изолирате од светот. Понекогаш животот ве става во контакт со луѓе кои е ПОТРЕБНО да ги запознаете, за да ви помогнат, да ве повредат, да ве остават… како и да е, за да ве зајакнат како личност која треба да станете. Менувањето себеси за да ги задоволите другите никогаш не е вистинското решение.
Ако никого не повредувате со своите дела, тогаш продолжете понатаму. Бидете среќни. Бидете свои. Ако на другите не им се допаѓа тоа, нека си останат на своето место. Целта на животот не е да им угодите на сите.
Дружењето со негативни луѓе и негативното размислување нека биде ваше минато. Време е да се оттргнете од сите тие луѓе и работи. Опкружете се со оние кои ви предизвикуваат насмевка. Заборавете на негативното, а насочете се кон позитивното. Животот е прекраток за да бидете било што, освен среќни. Фокусирајте се на себе, зашто овој ден никогаш нема да се повтори. Сакајте се себеси и своите блиски, а оставете ги останатите да живеат во својот свет.