Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Боже, ти се молам за милост над моите деца

Реклама

Децата се нашето најголемо богатство. Само оној кој се остварил во улогата на родител може да знае колку голема е љубовта, но и грижата кон своите чеда. Секој родител му го посакува најдоброто на своето дете, а да не заборавиме и да се помолиме за нив…

ФОТО: mnn.com

Оче наш, ти кој си на Небесата, кој го љубиш човекот и чиешто милосрдие е неискаживо, те молам имај милост кон моите деца за кои ти се молам и ти ги препуштам Тебе. Те молам биди нивен водач и чувај ги во сите нивни намери, дела и постапки.

Те молам Боже води ги по твојата патека, по патеката на вистината и приближи ги до себе, за да можат да живеат побожен живот и да ја спроведуваат твојата волја. Те молам за нив, да им дадеш мир, да бидат смирени, вредни и намерно да не нанесуваат штета. Биди со нив и заштити ги од непријателите, а притоа дади им мудрост и сила да им се спротистават на животните искушенија. Те молам Боже извади ги на вистинскиот пат, на патот кон твојот син. Амин.

Маркетинг

Секогаш кога нашите деца, нашите најмили ќе скршнат од нивната патека, треба ние да бидеме тука да им го покажеме вистинскиот животен правец. Освен тоа што треба да им бидеме поттик, утеха и поддршка, верниците треба да се помолат за своите деца и така да најдат мир за себе и поголема верба во утрешниот ден.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button