Пријател од Швајцарија ќе му донира бубрег на Дарко Лазиќ!? Семејството загрижено, еве какви маки има
Дарко Лазиќ ја одложуваше операцијата на бубрегот кој речиси и не му функционира, а наводно дошол моментот и тој проблем да се реши.
Имено, на пејачот му треба труд и време за да ја поврати функцијата на органот, но наводно не се придржува на терапијата и не посетува лекари редовно.
„Токму сега кога беше на операција за смалување на желудникот, докторите констатираа дека бубрегот му е значително оштетен и дека нема ниту десет отсто нормална функција па му рекле дека што поскоро треба да се оперира“, вели извор за „Свет“ и додава:
„Единствен проблем е што лекарите не се сигурно дали организмот на Дарко би можел да функционира нормално со само еден бубрег и затоа му предложиле трансплантација. Иако на почетокот не сакал да се помири со тој факт, на крајот одлучил да пронајде тим лекари и експерти кои ќе го извршат пресадувањето.
Се уште не се знае датумот на операција, но одлучил таа да му биде направена во Италија. Иако тоа е многу скапа интервенција, пријател на Дарко од Швајцарија се понудил да ги плати сите трошоци за лекување како и новиот орган така што семејството е ослободено од грижата да донира бубрег за Дарко. Секако, сите се среќни поради тоа иако се загрижени како дали се ќе помине во најдобар ред и колку ќе мора да чекаат додека да се појави вистинскиот бубрег.“
Кога за неговиот проблем дознала мајката на Тара Симов, Мирослава, таа одлучила да биде донатор и да го донира својот бубрег бидејќи многу го сака Дарко.
„Кога слушнав дека на Дарко Лазиќ му треба бубрег добро се запрашав. Тој е млад човек и мора да продолжи да живее нормално. Јас ќе му го дадам мојот бубрег, исто како што би му го дала на мојот син. Пред него е целиот живот. И јас имам деца, затоа така размислувам. Ќе му го поклонам својот бубрет, мене ми доволен ми е еден за да преживеам. Ве молам, нека ми се јави и јас веднаш ќе започнам со потребните анализи. Се надевам дека мојот бубрег ќе одговата на неговиот“ изјави Мирослава Симов.
Српскиот пејач Дарко Лазиќ неодамна се исели од родниот Брестач и се пресели да живее во Белград, пишуваат српските медиуми. Тој заедно со сопругата Марина и синот живеат во изнајмен стан во Нови Белград.
Лазиќ вели дека се преселил од село во град бидејќи мајсторите се уште не ја завршиле неговата нова куќа
.„Марина и јас повеќе не живееме во Брестач. Го одложивме градењето на куќата бидејќи чекаме подобро време. Ќе продолжиме со работа на лето, а дотогаш ќе живееме во град“ вели пејачот и додава:
„Убаво ни е тука, се имаме во близина. Ми значи и тоа што аеродромот ми е блиску бидејќи секој викенд патувам на настапи“ вели пејачот.