Биковите се личности за кои секој има свое мислење. Тие никогаш никој не можат да го остават рамнодушен. Иако многумина имаат негативно мислење за Биковите, од чиста љубомора, Биковите сепак се личности кои вреди да ги имате до себе. Тие се искрени, чесни и навистина добри, но ова може да го потврди само некој кој ги знае длабоко во нивната душа.
На Биковите не им е лесно да живеат во овој свет. Тие не се многу од она што многумина денес се. Не се љубоморни, не се полни со завист, неискрени и лоши. Биковите се спротивно од ова. Биковите имаат силен карактер и едноставно не можат да се променат. Не сакаат да станат дел од суровиот свет, а секоја личност која ја пуштаат во својот живот ја избираат со голема претпазливост. Биковите не се менат често, а прекрасни се и такви какви што се.
Овие личности не чувствуваат страв и пленат со својата храброст. Биковите го праваат она што само тие го сакаат. Не са плашат од ризик, никогаш и не се плашеле. Тие добро знаат дека само оној кој ризикува може да очекува добри резултати, па затоа и ризикуваат. Овие личности не се неодлучни, туку имаат своја патека и не дозволуваа кој било да им се попрече на патот. Тие се доследни на себе и кога нешто ќе зацртат, тоа мора и да го остварат, зашто поинаку не умеат. Откажувањето не постои кај Биковите. Тие се тврдоглави и упорни и никогаш не се откажуваат од она што веќе го започнале. За нив оние кои се откажуваат се слаби луѓе без карактер.