Сите луѓе се различни. Некои повеќе ги повредуваат работите, додека пак други успеваат да ги игнорираат критиките и продолжуваат по својот пат. Ако не се пронајдовте во втората група, тогаш сигурно сте едни од тие личности кои можеби пред светот изгледаат храбро, но длабоко во себе имаат ранлива душа.
Во оваа категорија посебно се издвојуваат Стрелците. Тие можеби на прв поглед ќе ви делуваат дрски и груби, а можеби и неучтиви, но сепак, вистината е дека под нивниот ладен изглед се крие ранлива душа, полна со емоции. Стрелците страдаат во тишина. Дури и вашите страдања може да ги прифатат и да со чувствуваат со вас, а секогаш се подготвени да му пружат рака и на некој странец.
Ако до вас имате Стрелец – не испуштајте го и обидете се подлабоко да погледнете во неговата внатрешност. Не дозволувајте да ве залаже нивната весела и разиграна природа. Точно е дека тие се весели во друштвото и со нив никогаш нема да ви биде досадно бидејќи имаат голема смисла за хумор, но сепак, грижете се за вашите пријатели и одвреме-навреме задлабочете се и анализирајте ги. Ако престане да зборува, тогаш ќе сфатите дека нешто се случува со Стрелецот. Кога се повредени, тие не се присутни во моментот и треба да сфатите дека им е потребна помош.
Запаметете дека Стрелците секогаш се великодушни и искрени, што понекогаш прави да бидат искористувани од другите. Тие не сакаат да бидат ограничувани и затоа, ако имате партнер Стрелец, обидете се да му ја дадете потребната слобода. Стрелците сакаат да истражуваат и без проблем се впуштаат во ризици, а сето тоа се должи на нивната желба за знаење и голема енергија, па без проблем се впуштаат во ризици.