Сезоната на Рибите ќе биде посебна за овие три хороскопски знаци, на кои ѕвездите ќе им се насмевнат на многу полиња, па идниот месец ќе го паметат по убави работи.
Рак
Животот има свои чудни патишта, па не можете да негирате дека до сега имавте многу предизвици во врска со односите со другите луѓе. Поминавте долг пат и тоа се гледа, но сега ќе ви се врати енергијата и повторно ќе имате желба за акција и учење. Ако размислувавте да се впуштите во нешто ново, сега е вистинското време за тоа, зашто ќе имате многу инспирација. Од друга страна, поради ретроградниот Меркур, треба да бидете внимателни за секој ваш чекор – не потпишувајте важни договори пред детално да ги прочитате. Социјалниот живот ќе ви процвета во овој период и ќе имате многу длабоки разговори.
Скорпија
Ако долго време чувавте во себе некои работи во текот на сезоната на Водолијата, сезоната на Рибите ќе биде период на ваша реализација. Во овие денови ќе имате прилика да запознаете нкекој кој ќе ве инспирира и во кој би можеле да се заљубите, а поради влијанието на ретроградниот Меркур, може да се случи да ви се јави некоја личност од минатото. Не вртете се назад, туку само храбро продолжете напред.
Риби
Вашата сезона е конечно тука и веќе ја чувствувате магијата. Ќе се преиспитате себеси за да дознаете што треба да промените. Во овој период ќе се покажете како посветен партнер и така ќе ја зацврстите вшата љубовна врска и односите со другите луѓе. Вашата комуникативност ќе дојде до израз, па треба да го искористите овој период. Откријте ја убавината која постои околу вас и која чека да ја дофатите.