Реклама
Холивуд

Бен Афлек ја отвори душата – поради алкохолот му се распадна бракот и продолжи да му го уништува животот

Реклама

Познатиот холивудски актер Бен Афлек (47) конечно ја отвори душата и проговори за алкохолизмот и разводот од колешката актерка Џенифер Гарнер, која ја обвинува за тоа што заглавил во зависност од алкохол зошто наводно причина за тој порок е тоа што имале проблеми во бракот.

„Долго време релативно нормално конзумирав алкохол, но се повеќе почнував да пијам како што ми се распаѓаше бракот. Моето прекумерно уживање во алкохолот последично ми создаде уште повеќе брачни проблеми“, призна Бен.

Маркетинг

„Моето најголемо жалење во животот е разводот. Срамот е навистина токсичен. Не постои ниту една негова позитина нус појава. Тоа се само загревање во отровно, одвратно чувство на ниска вредност и гадење од самиот себе“, додаде тој.

Џенифер и Бен се разведоа по 13 години брак и заедно имаат 3 деца.

Маркетинг

„Луѓето со компулсивно однесување, на кои и самиот припаѓам, цело време имаат некој вид основна нелагодност која се обидуваат да ја отстранат за да се чувствуваат подобро па често спасот го наоѓаат во јадење, пијалок, секс, коцкање или шопинг. Но, сето тоа го прави животот полош. Тогаш правите се што е во ваша моќ да ја отстраните таа непријатност, а тогаш почнува вистинската болка. Почнувате да влегувате во маѓепсан круг кој не може да се прекине. Тоа барем мене ми се случи“, наведе Афлек.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button