Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Пријателката Рак секогаш ќе се однесува како „мајка“ кон вас

Реклама

Личностите родени во хороскопскиот знак Рак се многу грижливи и се чувствуваат исполнето кога се слободни да негуваат некого. Сакаат да им помагаат на другите, дури и уживаат во тоа, а освен што се грижливи и чувствителни со луѓето, тие исто така се однесуваат и кон животните.

ФОТО: Freepik

Ако имате пријателка родена во знакот Рак, тогаш сигруно ја препознавате по тоа што таа во многу ситуации се однесува како мајка кон вашето друштво. Овие личности се чувствителни и топли, но исто така имаат развиена и емпатија, па честопати се однесуваат кон другите со мајчинска грижливост. Од друга страна, пак, тие не ви шефуваат, како што многу често го прават тоа родителите, при што ги прави идеални пријателки.

Жените Ракови лесно им покажуваат на пријателите колку се грижат за нив, а посебно ги ценат долгогодишните пријателства, затоа што во нив е вложена меѓусебна љубов и заедно чуваат разни спомени. По природа овие личности не се кавгаџии и сите потенцијални расправии паѓаат во вода, затоа што љубовта кон пријателите е поголема од сите недоразбирања.

Маркетинг

Исто така за овие пријателки е карактеристично тоа што тие се многу љубезни и полни со љубов. Но, една нивна „мана“ е што кога сакаат да ги изразат своите емоции, стануваат срамежливи, а сето тоа поради тоа што тие си создаваат еден вид заштитен слој над нив, за другите да не ги забележат лесно нивните слаби точки. Но, ако сте блиски и долгогодишни пријатели и ако пријателката Рак ве запознае подобро, а притоа се чувствува безбедно покрај вас, без проблем ќе ви ја покаже својата грижлива страна.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button