Наместо пари, привлекувате сиромаштија: Еве која грешка ја правите според Фенг шуи
Фенг шуи филозофијата за уредување на домот е позната од одамна, а се’ повеќе луѓе денес веруваат во енергијата која владее во куќата, а притоа се убедени дека таа значително влијае на квалитетот на животот и среќата.
Оваа древна кинеска вештина за уредување на домот не’ учи како треба да ја декорираме секоја просторија, каде треба да чуваме одредени предмети, а каде не, а не’ учи и каде да ги чуваме парите за да се размножат и да ни дадат финансиски просперитет. Спротивно на сите можни претпоставки, Фенг шуи вели дека идеално и единствено дозволено место за чување на парите е кујната.
Фенг шуи експертите велат дека оваа просторија има многу позитивна аура, но дека во неа мора да внимавате со декорацијата. Имено, пожелно е во близина на местото каде што ги чувате парите во кујната да ставите и некој симбол за пари, како фигура на слон, но ако претерате со бројот на предмети, може да предизвикате контраефект, односно да привлечете сиромаштија наместо пари.
Внимавајте сите теглички и кујнски апарати да ги држите во шкафчиња или во остава – никако низ целата кујна, затоа што секој детаљ кој е вишок, дополнително ја блокира енергијата за пари.
Фенг шуи нема да ви донесе богатство доколку вие не се стремите кон тоа, ама Фенг шуи ќе ви помагне да создадете средина, и дома и во вашата канцеларија, која ве зајакнува и ви помогне да привлечете богатство.