Реклама
MAMAКафе муабет

Мојата баба ми беше како втора мајка, се молам да ѝ е добро онаму каде што е

Реклама

Бабите се посебни личности во нашиот живот. Тие се едни од најголемите поддршки во животот после нашите родители. Со нив сме помилувале многу радосни, но и многу тажни моменти. Секогаш не’ тешеле кога сме биле разочарани.

ФОТО: mylifesite.net

За мојата баба, сакам да знаеш дека ти си секогаш во моите сеќавања. Од тебе научив што е грижа и што е љубов. Од тебе слушнав за многу искуства кои ми помогнаа во животот. Во твоите прегратки секогаш најубаво се спиеше, а твојот дом секогаш мирисаше на топла храна која ми го хранеше и стомакот, но и душата. Твојата куќа секогаш ми буди најубави спомени. Моето детство спие заклучено внатре и тоа богатство никој на светот не може никогаш да ми го одземе.

Денот кога замина е врежан длабоко во моето сеќавање. Сега светот го гледам со малку поинакви очи, зашто уште повеќе ја сфаќам големината на старите луѓе во нашиот живот. Повеќе немам каде да навратам и да се напијам топол чај, да слушам приказни кои секогаш завршуваа со некоја поука, или пак да јадам топло лепче кое штотуку баба ми го извадила од рерна. Бабо, каде и да си, те молам за тебе и за мир за твојата душа. Биди ми ангел чувар, а твојот лик засекогаш ќе биде врежан во моите мисли!

Маркетинг

Во продолжение ви прикажуваме и една кратка молитва за покојните.

Господи боже, биди мислоств за покојните души. Исчисти ги од секакви кривици душите кои ги повика од овој свет. Прими ги во твојот свет и мирен дом, во заедништво со сите верници. Дарувај им вечно блаженство во Твоето кралство. Те молам, Боже, дарувај им опуштање на гревовите на твоите слуги. Нека постигнат опростување за кое секогаш тежнееле. Амин.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button