„Добив подарок од Атиџе“: Холивудската актерка Џејми Ли Кертис се пофали на Истаграм
Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис беше воолдушевена од нашиот филм „Медена земја“. Откако доби номинации во двете категории на Оскарите Кертис на социјалните мережи напиша:
„Колку совршен филм за овој момент. ‘Медена земја’ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“ – напиша Кертис.
На нејзина голема радост таа денеска објав слика на Истаграм и го напиша следново.
„Изненадување. Подарок кој продолжува да дарува. Директно од изворот. Мед од медената земја. Атиџе ми остави тегличка. Ветувам ‘половина за мене, половина за нив’. Во овој случај кои се моите ‘нив’? Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го гледале ‘Медена земја’, ви го препорачувам“.
„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси. Продукцијата е на „Аполо медија“ на Стефанов и „Трајс филмс“ на Атанас Георгиев.