Реклама
Вирално

Бурата „Кијара“ направи хаос во Европа – школите не работеа заради силните ОРКАНСКИ ветрови

Реклама

Силните бури „Кијара“ и „Сабина“ што деновиве ги погодија Велика Британија и Германија, но и други европски држави и причинија голема штета.

Поради невремето во Велика Британија многу летови ба откажани, а дојде до прекин и каснење во железничкиот и поморскиот сообраќај. Повеќе од 20.000 домаќинства во Британија ја поминаа ноќта без струја, а во некои делови од земјата се очекува невреме и снег.

Маркетинг

Силното зимско невреме е проследено со урагански ветрови и обилен дожд, а од Велика Британија и северна Европа се пресели на исток и направи вистински хаос во сообраќајот во Германија, а во некои делови од земјата власта беше приморана да ги затвори училиштата. На северот на Баварска во Германија комуналните претпријатија се обидуваат да ги поправат дефектите на електричната мрежа како околу 50.000 домови повторно би добиле струја.

Маркетинг

Железничкиот сообраќај беше сериозно пореметен заради што многу вработени не беа во можност да дојдат на своите работни места. И авиокомпаниите откажаа стотици летови од германските аеродроми.

Бурата наречена „Сабина“ во Германија и „Кијара“ во Британија исто така ги примора властите да ги затворат училиштата во неколку градови, вклучувајќи ја и германската држава Северна Рајна-Вестфалија, каде неколку луѓе беа повредени од паднати гранки и срушени стебла. Во Британија беше издадено предупредување граѓаните да не излегуваат од домовите додека не заврши невремето.

Какво ќе биде времето кај нас, погледнете тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button