Жената Јарец е типичен пример за тоа дека постојат жени кои секогаш прават се’ за оние за кои им е грижа. Кога би имало повеќе вакви жени вовоој свет, животот би бил многу поубав.
Имајќи предвид дека жената Јарец е многу силна, не е ни чудно што е успешна на сите полиња. Таа успева и во љубовта, но и во работата. Но, понекогаш тие изгледаат толку силни и бестрашни, што мажите имаат одредена доза на страв. Исто така оваа жена е силна и независна, но сака покрај себе да има некој на кој може да му верува. Но, после се’, самата себеси си е најдобар пријател.
Жената Јарец умее да чува тајни и секогаш ќе ве разбере, дури и ако другите кренат раце и побегнат од вашите проблеми. Таа ќе се стави во вашата ситуација и ќе се обиде да ви ја надомести сета љубов која ви е пропуштена. Но, мора да се нагласи и да не се заборави дека ВЕРНОСТА е број еден кај жените родени во овој хороскопски знак. Ако некому може да верува, тогаш таа личност сигурно ќе биде дел од нејзиниот живот. Уште поважно е што жената Јарец не размислува два пати, туку веднаш собира сила, го свртува грбот и заминува доколку сфати дека е изневерена. Подобро ќе биде сама, отколку со погрешни луѓе – тоа е нејзиното мото. На се’ е спремна кога ќе сфати дека некој ја сака, но и на се’ е спремна ако сфати дека некој си поигрува со неа.
Жената Јарец не само што може да го добие она што го сака, туку може да биде пример за сите. Особено сака да им се доакже на оние кои велат дека нешто за неа е невозможно! Па, мажи, вреди да имате ваква жена покрај себе, нели?!