Реклама
Вирално

Па ова го нема ни во „Фарма“: Камчев го заложил дуќанот Сваровски за да не заврши во Шутка, а Боки со мајка му на шопинг во Луј Витон

Реклама

Првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 ја проколна судијката Вилма Русковска.

Фото: Принтскрин/ А1он

Боки 13 ја искористи приликата и со висок тон и се обрати на обвинителката дека е незадоволен затоа што не дала позитивно мислење да биде пуштен од истражниот затвор во домашен притвор, иако, како што тврди, е болен. И како што пренесуваат медиумите, Боки додека викал на судијката во рацете држел медицинска документација, прашувајќи ја како може неговата малигна состојба да биде добра состојба и да не го пушти во домашен притвор.

Со повишен тон Јовановски и се пожали на обвинителката Вилма Русковска дека има рак на желудникот и во налет на нервоза и се обрати со зборовите:

Маркетинг

„Корумпирана обвинителке вршите тортура врз мене, и тоа сите го гледаат. Господ ќе ви врати!“ .

Тој беше отстранет од судницата па повторно вратен кога во судницата влезе судијката Васка Николовска Масевска.

Маркетинг

Адвокатката на Јовановски го извести судијата дека нејзиниот клиент не се чувствува добро, а Јовановски изјави дека последната дијагноза му е малигнитет и дека треба да му се отстрани зафатениот орган.

Судијката тогаш предложи да се повика Брза помош и да се утврди дали може да го следи судењето, но Боки 13 го одби тоа, обраќајќи и се на судиката со зборовите:

„Ќе дојде екипата на Брза помош, и тие повторно ќе ми дадат дијазепам и јас полусвесен ќе го следам судењето. Не, ви благодарам судијке“, изјави тој.

Инаку, случајот „Рекет“ се уште се наоѓа во доказна постапка и треба да се продолжи со презентирање докази, а денес на ред беа и снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.

На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милевски-Кичеец, кој уште на првото рочиште призна вина.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски (Боки 13), Катица Јанева и Зоран Милевски (Кичеец). Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Трошел неверојатни суми за облека

На рочиштето за „Рекет“ се прикажуваа и фискални сметки од кои се забележува дека Боки купувал во скапи брендирани продавници во Милано, Италија. Има 26 фискални сметки, кои се од 10, 14, па дури и од 26 илјади евр

Тој само во периодот од 25 до 27 февруари 2019 година тој потрошил вкупно 148,036 евра.

Дел од сметките се на Јасмина Јовановски, мајката на Боки, а дел на обвинетиот. Обвинителството со покажувањето на сметките сака да докаже дека се работи за перење на пари од страна на Јовановски, но адвокатот на Боки, Сашо Дуковски, имаше приговор во врска со нив.

Тие се однесуваа на покажување на исти докази по повеќе пати „само за да се направи сензација пред јавноста“, посочи тој.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Пораките на Камчев до Боки

Покани? Нели завршија?“. Вака гласи едната од многуте пораки кои Орце Камчев му ги испратил на Бојан Јовановски – Боки 13, а се однесуваат за влијание врз истрагата „Империја“ од обвинетата Катица Јанева.

Обвинителката Ивана Трајчева во продолжение на доказната постапка за „Рекет“ во продолжение ја презентираше фотографијата која Камчев му ја испратил на Јовановски, а на која се гледа покана со број на предметот за „Империја“.

По ваквите пораки следуваат и оние во кои Камчев и Боки договараат средба за да се видат. Камчев во една од пораките што му ги испраќа на првообвинетиот му пишува за дуќаните што ги дал под гаранција и му кажува дека ги заложил дуќанот „Сваровски“ кај „Рекорд“ и тој на „ДМ“ во ГТЦ.

„Гаранцијата е над 2 милиона евра. Ај провери кога ќе го пуштат мислењето“, му пишал Камчев на првообвинетиот, а потоа му ја прецизира висината на гаранцијата: Милион и 800 илјади евра „Сваровски’“ дуќанот, 2,5 милиони евра „ДМ“ и 3,5 милиони евра за трет објект што го заложил. Сите овие пораки се дел од доказниот материјал собран од вештачењето на мобилниот на Бојан Јовановски – Боки 13.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button