Овој стар тренд повторно е во мода – еве како го носат Фатиме Фетаи и Лила Филиповска
На сите им стои убаво!
И нашата позната водителка Лила Филиповка не можеше да му одолее на капутот кој е апсолутен хит оваа зима.
Меките, кадифени „медо“ капути се хит и оваа сезона. Ги обожаваат големите холивудски ѕвезди, но и нашите познати дами, а неодамна Лила Филиповска се прошета низ улиците на Скопје во преубаво модел во пудра нијанса.
Овој преубав капут не само што ќе ве потсети на детството кога се игравте со кадифените мечиња, туку во него ќе се чувствувате и неверојатно удобно и топло.
Тие ќе го „подигнат“ и секое ваша издание, а тоа многу добро го знае и Лила која го носеше во комбинација со тесни, бели панталони и бела „оверсајз“ плетена ролка која исто така е во тренд оваа сезона.
Шармантната водителка целото издание го заокружи со бели патики и црни очила за сонце кои одлично ги вклопи во нејзината зимска модна приказна.
Инаку, во неодолив „теди бер“ капут кој од модниот трон ги тргна популарните шарени бундички од вештачко крзно неодамна можевме да ја видиме и нашата специјална обвинителка Фатиме Фетаи. Таа избра модел во тренди розова боја, а неколку шик модели од водечките модни брендови погледнете во продолжение.
Mango
Mango
Mango
Mango
Zara
Zara
Zara
Stradivarius
Bershka
Bershka