Наши ѕвезди

Како да се сестри, а не мајка и ќерка – наследничката на Црнокрак е вистинска убавица, погледнете како изгледа (фото)

Advertisement

Како да се пресликани една од друга

Фото: Светлана Црнокрак/ Фејсбук

Една од најпознатите македонски манекенки и презентер на вести, Светлана Црнокрак (43), од секогаш била синоним за убавина.

Advertisement

Светлана и денес плени со својата харизма и убавина како и на почетокот од својата кариера, кога прв пат се појави на модните писти.

Таа е во брак со Мики Црнокрак со кого има две ќерки, Моника и Нина. Нивната поголема ќерка, Моника студира Економски факултет и тргна по стапките на своите родители. Имено, таа успешно плива во манекенските води и досега има освоено неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитански настап во 2018 година. Таа тогаш на изборот за Мис лето Интернационал што се одржа во Киренија, Кипар ја освои титулата за Мис фотогеничност.

Фото: Светлана Црнокрак/ Фејсбук

Кога прв пат се појави на пистите Моника ги собра сите симпатии на публиката, посебно заради сличноста со нејзината мајка. Но пофалби заслужува и Светлана, а тоа дека повеќе изгледаат како сестри, отколку како мајка и ќерка можете и вие да погледнете во продолжение.

Advertisement

„Другата во мене“, напиша гордата мама под заедничката фотографија што ја објави на Фејсбук.

Фото: Светлана Црнокрак/ Фејсбук

Неспорно е дека Моника ја наследила убавината и харизмата на својата мајка, која се забележува на прв поглед, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button