Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неговиот хороскопски знак открива: Што сака вашиот партнер за денот на вљубените?

Реклама

Избирањето подарок за партнерот во многу случаи знае да биде тешка работа, затоа што истовремено сакате да го воодушевите и да го изненадите… За среќа, овде можете да се потпрете на астрологијата, па со оглед на тоа кога е роден вашиот партнер, полесно да изберете подарок. Пронајдете го хороскопскиот знак на вашиот сакан и откријте на што се надева оваа година.

ФОТО: elitedaily.com

Овен

Овенот сака убаво парче накит. Личностите родени во овој хороскопски знак едноставно сакаат скапи и луксузни работи и очекуваат тоа да го знае нивниот партнер.

Бик

Биковите сакаат авантура. Спремни се за акција, но ако им приредувате изненадување, осигурете се дека ќе научи нешто ново, затоа што само тоа го смета за добар подарок.

Маркетинг

Близнаци

Близнаците сакаат стари предмети кои им будат убави сеќавања и предмети поврзани со она што ги интересира. На пример, може да станува збор за детали од филмови и серии кои ги сакаат…

Рак

Раковите ќе бидат среќни ако им подарите нешто со што ќе им покажете дека ги обожавате. Колку подарокот е пораскошен, толку подобро. Раковите се желни за традиционална романтика.

Маркетинг

Лав

Лавот сака детално испланиран пат на кој ќе му подарите внимание и романтични гестови. Почнете да обрнувате внимание на деталите на неговиот живот и полесно ќе сфатите со што ќе задоволите еден Лав.

Девица

Девиците ќе бидат задоволни со нешто убаво, креативно и романтично. Иако како и Раковите и Девиците се многу романтични, сепак, тие ја ценат оригиналноста, па не очекувајте да се задоволат со нешто обично.

Вага

Вагата ќе биде воодушевена со интимен и мистериозен состанок. Таа го сака сето ваше внимание за Денот на заљубените, па најверојатно мечтае за нешто секси…

Скорпија

Скорпиите би биле среќни кога би добиле стара колекција книги. Тие по природа се трагачи за вистината, а истовремено се многу љубопитни. Тие многу сакаат антички вредности.

Стрелец

Иако Стрелецот најмногу сака авантура, сепак, сака да штеди. Бидејќи ги има овие две спротивности во себе, најдобро е да му купите книга преку која ќе научи како најдобро да управува со своите финансии.

Јарец

Ако немате храброст да го прашате Јарецот што сака, тогаш следете ги неговите навики и ќе сфатите со што би го задоволиле.

Водолија

Водолиите секогаш се расположени за нешто волшебно и несекојдневно Некое спиритуално искуство или членарина за јога ќе биде совршен подарок за Водолијата.

Риби

Идеален подарок за Рибите би била карта за концерт за нивниот омилен изведувач.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button