Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Искрени до болка, а во љубовта луди – е такви се Рибите!

Реклама

Рибите се нежни и чувствителни и знаат искрено да сакаат. Овој знак ќе ви ја даде душата на свој начин. Рибите најдобро умеат да ви покажат како се сака…

ФОТО: pennmedicine.org

Личностите родени во овој хороскопски знак знаат како да сакаат и тоа е навистина за пофалба. Тие имаат прекрасна душа и сакаат на сите да им се најдат во неволја и да им помогнат. Кога некој ќе ви го сврти грбот, обратете ѝ се на Рибата, таа ќе ви биде рамо за плачење во секое време. Рибите ви се доказ дека постојат личности кои знаат да сакаат несебично. Оние кои не ги познаваат доволно луѓето родени во овој хороскопски знак, велат дека се слаби и дека не знаат што сакаат, но вистината е сосема друга.

Тие се во состојба да ви ја подарат сета своја љубов и токму тогаш се најсилни, па дури и ако цел свет се сврте кон вас, Рибите ќе ви бидат ѕид кој секогаш ќе ве бранат. Кога една Риба ќе се заљуби, тогаш за саканата личност може да направи се’. Може да се каже дека не постои ни најмала шанса овој знак да ве изневери. Не знае да ве издаде и ќе ви ја каже вистината ако знае дека со тоа нема да ви го скрши срцето. Овој знак е верен и го слуша своето срце.  Дури и ако издадете една Риба, може да бидете сигурни дека таа нема да ги открие вашите тајни пред сите…

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button