Реклама
Вирално

Еве што ќе се случува во блиска иднина со нашинците што ќе заминат во Германија

Реклама

Германската влада работи сериозно на интеграција на доселениците уште пред да дојдат во оваа земја.

Германската влада планира интеграцијата на идните доселеници да започне уште пред да се доселат во Германија.

Маркетинг

Тоа го соопшти министерката на сојузната влада за интеграција Анет Видман-Мауц по состанокот на владата во кој беше прифатен делот Националниот акционен план за интеграција. Таа наведе дека и пред доселувањето треба да се постават насоки за интеграција по доаѓање во Германија.

Акциониот план предвидува мерки за интеграција на идните доселеници кои би започнале во земјите од каде доаѓаат иселениците, а кои пред се’ би се однесувале на учење на германскиот јазик и исцрпно информирање за животот во Германија. „На овој начин меѓу другото сакаме да спречиме и создавање на погрешни очекувања на доселениците од животот во Германија“, изјави Видман-Мауц.

Маркетинг

Носењето на еден ваков акционен план за интеграција е дел од подготовките за воведува на Законот за вселување на квалификувани работници кој треба да стапи на сила на 1 март оваа година, а кој прв пат по долго време ќе овозможи системско доселување на стручни лица и квалификувани работници од земјите кои не се дел од Европската унија, меѓу кои спаѓа и Македонија.

Од партијата Алтернатива за Германија (AfD) веќе ги критикуваа намерите на канцеларката Ангела Меркел Германија да ја претвори во доселеничка земја и со тоа да го влоши и сегашните проблеми.

„Она од што Германија и сега веќе пати е создавање на паралелни општества, детски бракови, криминални кланови и недозволиви услови во школите, и тоа дополнително ќе се влоши, соопшти една од водечките политичарки на оваа партија, Беатрикс фон Шторх.

Новиот закон

Според последните проценки, во Германија во овој момент има околу 1.3 милиони непополнети работни места. Таа важи за најголема економска сила во Европа и во неа работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји во Унијата, а голема е бројката и од земјите кои се надвор од Унијата.

Но очигледно дека тоа не е доволно, па германската влада има план да побараат работници надвор од ЕУ. „Без доволно стручни лица, ниту една економија не може да преживее“, предупредува канцеларката Ангела Меркел во видео-пораката што деновиве се најде на социјалните мрежи.

Пораката на Меркел

Канцеларката пораката ја посвети на новиот закон што треба да се појави на почетокот од следната година.

„Ние во овој момент имаме бројни претпријатија кои се во очајна потрага за квалификувана работна сила. Ако политичарите не се погрижат доволно за стручните лица, фирмите и работодавците ќе ја напуштат Германија, а тоа не го сакаме“, вели Меркел во своето обраќање.

Меркел потсети дека во Германија пред 15 години имало околу пет милиони невработени, додека сега компаниите се соочуваат со сериозен проблем заради недостаток на квалификувана работна сила. „Мораме да вложиме дополнителни напори за да најдеме квалификувани работници. Инаку компаниите ќе мораат да заминат на друго место. Секако дека тоа не смееме да си го дозволиме“, истакна Меркел.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button