Нова естрадна војна: Карлеуша и Неда се испокараа во „Ѕвездите на Гранд“! „Бабо, тргни ја таа евтина перика, ти стои смешно“
Вистинска драма во „Ѕвездите на Гранд“
Јелена Карлеуша и Неда Украден на последното снимање толку се навредуваа со зборови, што не се знае кој повеќе претера.
Кавгата започна откако Неда не беше задоволна од бодовите што ги доби нејзиниот кандидат, па тоа остро го коментираше.
„Мојот кандидат пее подобро од барем два члена од ова стручно жири“, рече без влакна на јазикот Неда.
На тоа Карлеуша веднаш и одговори: „Бабо, не сме ти ние виновни што не ги подготвни добро твоите кандидати“. Ова ја навреди нејзината колешка, па и таа жестоко и врати, по што Карлеуша повторно не бираше зборови и ја навреди.
По ова таа повторно ја нарече својата постара колешка „бабо“ и и’ кажа да ја тргне периката бидејќи изгледа смешно со неа. Таа и порача дека треба да се помири со тоа дека нејзиното време поминало. „Не сакам повеќе да ми се обраќаш, искомплексирана жено“ и кажа Карлеуша на Неда.
По инцидентот во студиото истрчал директорот на Гранд за да ги смири и да се продолжи со снимањето. Како што пренесуваат српските медиуми, Неда за тоа време седела во студиото и воопшто не била загрижена за непријатната сцена што ја направила заедно со нејзината колешка.
Инаку, ова не е прв пат Карлеуша и Неда да разменат жестоки зборови. И во првата емисија од Ѕвездите на Гранд дојде до искри межу нив, кога Неда во неколку наврати ја прекина Карлеуша, по што таа и се обрати.
„Мене и мајка ми не ми кажуваше стоп, а не па ти, симни се од мене“ и порача тогаш Карлеуша.