Реклама
Кафе муабет

Ова е само за тебе – осамена, но силна, која МОЖЕ сé да победи

Реклама

За онаа жена што никогаш нема да дозволи нешто да и застане на патот.

Ова е за тебе драга, посебно ако се чувствуваш осамена и ако сама се бориш додека времето тивко проаѓа.

Ова е за тебе која однадвор изгледаш како лавица – силна, полна со енергија, но внатре си слаба и кревка. За тебе која почнува да верува во својата лажна насмевка. Ова е за тебе драга, која никогаш не се откажуваш.

Маркетинг

Ова е за тебе која постојано се бориш, без обѕир на тоа што ти носи животот. Ова е за тебе која стануваш секогаш кога ќе паднеш.

За тебе која не прифаќаш ништо помало од она што го заслужуваш. Ова е за жената која ја носи својата насмевка преку ден, а плаче пред спиење. За тебе која мислиш дека не си доволно добра, доволно убава, доволно паметна, ти која мислиш дека не ја заслужуваш среќата.

Маркетинг

Ова е за жена која се чувствува несакано. За тебе која понекогаш чувствуваш дека си на крајот, дека е премногу она што ти се случува. За тебе која постојано се грижиш, и тоа премногу, која на другите секогаш премногу дава, која премногу се обидува, за тебе која предобро го познаваш разочарувањето.

Овие зборови се за тебе која сакаш премногу, посебно оние што не го заслужуваат тоа. За тебе која премногу нудиш, а на крајот срцето ти го оставаат во парчиња. На тебе која толку си скршена што немаш сили повторно да сакаш. На тебе која се бориш и со себе и постојано самата чекориш кон удолнина. Ова е за храбра жена која не се чувствува секогаш одважно.

За жената што својот живот го живее и низ цитати, која се држи до се’ што ќе и помогне да се чувствува помалку осамено.

Ова е за тебе што веруваш дека можеш да го промениш светот, за страсна жена каква што си. За тебе која знаеш да сакаш, но на која не и треба никој да се грижи постојано за неа. За тебе која можеш се’ да направиш сама, која си независна и силна. За тебе која нема време за одмор – жена која што точно знае што сака од животот, жена со голема цел и уште поголем сон.

За онаа жена што никогаш нема да дозволи нешто да и застане на патот

Ова е за тебе која знае какво е чувството да бидеш потполно уништена од страна на едно друго човечко суштество. За сите жени кои биле емоционално уништени и успеале повторно да најдат љубов за оние што ја изневериле. Ова е за тебе за да знаеш дека не си сама, дека не има уште. Ова е да знаеш дека вредиш, дека постоиш затоа што оној горе има цел за тебе.

Постоиш бидејќи секогаш ќе му бидеш на некој се’ во животот. Треба да се потсетиш дека си доволна, прекрасна, дека си доволно паметна, доволно добра, дека можеш да постигнеш се’ што сакаш да го постигнеш.

Ти едноставно заслужуваш да бидеш сакана. Точка. Ја заслужуваш љубовта за која од секогаш си сонувала…

Не, ти НЕ си сама и никогаш нема да бидеш сама. Ние ќе бидеме тука…

Извор: Здрава и среќна, Атма

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button