Реклама
Кафе муабет

Чувајте ги силните луѓе …

Реклама

Со нив не е секогаш лесно, не е секогаш пријатно, не е секогаш лагодно, но со нив е сигурно

Мудрите велат дека понекогаш и силните луѓе можат да бидат многу понезаштитени од слабите. За време на бури, тенката трска само ќе се свитка и осуши, но борот, едноставно ќе се скрши и неговото постоење ќе заврши засекогаш – велат Кинезите, а Кинезите знаат што зборуваат.

Силните луѓе не се воопшто одговорни за себе. Па дури ни за своите најблиски. Тие се одговорни а целиот свет, кој е во нивната орбита. Затоа што силата привлекува – велат физичарите, а и тие знаат што зборуваат.

Маркетинг

Силните луѓе воопшто не се поздрави од другите и не се поотпорни од сите останати. Едноставно, тие точно знаат дека немаат право да паѓаат во несвест и да се повлекуваат се додека некој зависи од нив. И друго за нив нема…

Тие се во состојба, на масовен срцев удар, да скокнат во вода, да допливаат до детето што тоне, да го извадат на брегот, да се уверат дека повеќе никој не го загрозува, и дури тогаш да го испуштат својот последен здив. Така велат докторите, а тие во својот работен век виделе многу чуда, верувајте, повеќе од Кинезите и физичарите заедно.

Маркетинг

Силните луѓе се и многу осамени. Не затоа што никого не трпат покрај себе, едноставно тоа им се случува…

Тие се силни затоа и никој не размислува дека и нив некогаш нешто ги боли, дека се исплашени, осамени, тажни…

По земјата чекорат силни, но тивки луѓе. Со нив не е секогаш лесно, не е пријатно, не е секогаш лагодно, но со нив сте сигурни! Тоа е и таа поддршка што секогаш доаѓа во помош во последниот момент.

Но и покрај тоа тие чекорат по земјата силно.

Извор: Buka

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button