Реклама
Нега и здравје

Мажите што се хранат здраво ќе мирисаат подобро?

Реклама

Ако сте тип на маж кој има проблеми кога е во прашање комуникацијата со спротивниот пол, можеби е време да размислите добро и за својата прехрана.

Според една студија која беше спроведена неодамна, а објавена во научното списание „Evolution and Human Behavior“ претставниците на посилниот пол чија храна е избалансирана, преполна со овошје и зеленчук и содржи умерени количини на масти и протеини подобро мирисале од своите колеги кои се хранеле со јаглехидрати – така барем заклучиле жените што учествувале во oва истражување.

Непријатниот мирис е значаен фактор кај претставничките на понежниот пол кога избираат потенцијален партнер.

Маркетинг

Токму затоа и оваа судија е насочена кон привлечноста на жените, а не на мирисите општо. Исто така истражувањето е насочено и кон факторите кои би можеле да влијаат на репродукција, која, барем засега, се уште е возможна само меѓу маж и жена, нели?

Маркетинг

Затоа мажи, поентата е дека ако ги замените хамбургерите со салата, не само што ќе бидете витки, туку и подобро ќе им мирисате на жените.

Што мислите вие – дали мирисот може да игра значајна улога во избирањето на потенцијалниот партнер?

Споделете го вашето мислење во коментарите…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button