Реклама
Наши ѕвезди

Малата Капри ја добија пред седум месеци – Коби живееше за семејството и се надеваше дека ќе ѝ ја исполни желбата на сопругата

Реклама

Веста за падот на хеликоптерот ги шокираше сите

Кошаркарската легенда, познатиот Коби Брајант, го изгуби животот во Калифорнија во голема несреќа.

Маркетинг

Трагичните вести веднаш го заобиколија светот, а јавноста се уште не може да поверува што се случи со легендарниот Коби.

Кошарката му беше голема љубов, но тој живееше за неговото семејство – сопругата Ванеса, со која беше во брак од 2001, и нивните четири ќеркички – Наталија (16), Џана (13), Бјанка (3) и малата Капри што ја добија при крајот на јуни 2019 година.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Коби Брајант

Познатиот кошаркар тогаш гордо со јавноста сподели дека во неговото семејство имаат принова, но и ја откри големата желба на својата сопруга која судбината не дозволи да и се исполни.

Фото: Инстаграм/ Коби Брајант

Имено, Коби откри дека неговата сопруга Ванесе многу сака да добијат и едно машко дете па дека се додека тоа не се случи, нема да смета дека нивното семејство е потполно.

Фото: Инстаграм/ Коби Брајант

Мислам дека таа повеќе од мене сака син. Искрено, на мене ми се допаѓа да бидам родител на сите наши ќеркички, изјави во една пригода Брајан и додаде:

„Сепак, јас се надевам дека ќе успеам да и ја исполнам желбата – кажа тогаш со насмевка кралот на НБА кошарката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button