Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Кратка молитва полна со љубов за идната МАЈКА

Реклама

Децата се најголемото богатство на светот, а доколку вие ќе бидете идна мајка или пак имате блиска личност која очекува принова, помолете се со оваа кратка молитва која зрачи со љубов.

ФОТО: living-prayers.com

Господе мој, дај ѝ радост, храброст и снага да донесе на свет ново чудо. Направи ја горда и спремна да се бори за најголемото богатство, своето дете. Света Маријо, драга Мајко, дарувај ѝ го на оваа жена своето срце полно со љубов и покажи ѝ како треба да биде среќно едно семејство, како што си била и Ти. Господе, дари ѝ љубов на оваа жена за да ја пренесе на своето новородено дете. Нека детето расте во љубов и твојата љубов да ја донесе на сите луѓе на земјата.

Амин.

Маркетинг

Можеби ќе ве интересира и ова

Се повеќе парови НЕ МОЖАТ да имаат деца, но причината за тоа НЕ е неплодноста, туку лошите навики што ги имаме сите

Не размислувајте на тоа дека ви минува вашиот биолошки часовник и дека сте задоцниле, не размислувајте за болестите и препреките, фокусирајте се на позитивните и опуштените мисли, бидете опкружени со луѓе со кои постојано е се смеете и помалку ќе мислите на проблемите.

Маркетинг

За жал во денешно време потешкотиите околу зачнувањето воопшто не се ретка појава и преставуваат голем проблем на паровите. Еве некои од причините зошто тоа е така:

Ослободете се од стресот

Можеби мислите дека не е важен, но верувајте стресот и исцрпеноста се едни од најважните фактори во овој проблем. Имено, живееме во време во кое речиси е невозможно потполно да ги исфрлите стресот од вашито живот и навистина е многу тешко да се избегнат сите ситуации во кои тој се создава. Токму затоа и го нарекуват тивок убиец на денешното време, а животот со него станува исцрпувачка трка која секогаш ја губи оној што нема да се придржува до основните правила за победа. А тоа можат да бидат масажите и било какви други активности кои ве опутаат и кои ќе ви омогнат да се соочите со тешките животни ситуации кои постојано ве демнеат.

Треба да најдете начин кој најмногу ве опушта, без разлика али тоа ќе биде некој спорт, прошетка во природа или медитација. Преголемите обврски на работа и активности треба да се изрегулираат колку е можно повеќе и тоа преку опуштање кое најдобро ви делува. Кога хормонскиот состав ќе биде ускладен, тогаш и репродуктивното здравје ќе биде подобро.

Не претерувајте со вежбање

Но не треба да заборавите дека понекогаш и претерано вежбање може да биде причина поради која не можете да зачнете. Ако вашето тело е премногу исцрпено од вежбање, а премалку одморено, и покрај тоа што ги имате најдобрите намери, не заборавајте дека ова исто така може да му наштети на процесот на зачнување. Затоа пронајдете добар баланс измеѓу потполната неактивност и претераното вежбање и избирајте ги само оние активности кои ве исполнуваат и поради кои се чувствувате добро во ваша кожа.

Од друга страна, ако имате проблем со килограмите, не треба да се ориентирате на тоа што побрзо да се решите од нив. Наместо тоа побарајте помош од професионален тренер и прилагодите ја вашата цел со вашите можности. Не заборавајте дека бргу изгубените килограми брзо се враќаат, па затоа започнете да ги гледате работите на долги патеки. Дајте си доволно време за да ги постигнете посакуваните резултати. Поентата е здравиот живот да ви стане навика, а не само попатна станица. Оние пак што имаат проблем со недостаток на килограми, нутриционистите и фитнес тренерите можат да им помогнат многу со нивните совети.

Ваше е само да останете доследни…

Целиот текст прочитајте го на следниот линк >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button