Кога некому се доверуваме, сакаме таа личност да ја чува нашата тајна. Но, не се сите личности исти, а во продолжение ви откриваме како хороскопските знаци умеат или не умеат да ја чуваат вашата тајна.
Овен
Како Овенот чува тајни? Па, единствена тајна која „ќе ја сочува“, е онаа што не ја знае. Овните сметаат дека најдобро е ништо да не се крие.
Бик
Биковите се одлични во чување тајни и тоа го сфаќаат многу сериозно. Кога нешто ќе им се доверите, тие ќе молчат и тоа никогаш нема да го сменат.
Близнаци
Близнаците имаат најдобра намера за да ја сочуваат вашата тајна, но… на крај сепак ќе ве издадат.
Рак
Раковите се чувствителни и секогаш се трудат да бидат рамо за плачење, меѓутоа, чувањето тајна за нив може да биде предизвик кога тие се многу емоционални.
Лав
Лавовите ја сфаќаат важноста за чување на тајната, а ако помислат да ве издадат, тогаш ќе ја променат темата на разговор и ќе се осигурат дека нема да изустат ниту збор за вашата тајна.
Девица
Девиците знаат да чуваат тајни, особено своите. Меѓутоа, врз основа на таа тајна тие се обидуваат да искористат прилика и да ви помогнат доколку се во можност.
Вага
Најдобриот начин Вагата да ви ја сочува тајната е да добие дозвола да ја сподели истата со уште една личност. Ако не постои ова, тогаш нема гаранција дека Вагата ќе ви ја сочува тајната.
Скорпија
Скорпиите се мајстори за чување тајни, особено своите. Всушност, тие никогаш не добиваат желба да споделат чија било тајна.
Стрелец
Стрелците не се најдобри чувари на тајни. Немаат зли намери, но лесно се избрзуваат и ќе ве издадат.
Јарец
Јарците се верни и дискретни. Ако им кажете некоја тајна, можете да бидете сигурни дека никој никогаш нема да ја дознае.
Водолија
Водолиите не се злонамерни и не сакаат да одат наоколу и да озборуваат. Тие само понекогаш не го слушаат делот кога некој им вели дека нешто е доверливо и дека не треба да им се раскажува на другите.
Риби
Рибите се многу интуитивни, па вашта тајна ќе ја знаат уште пред да ја споделите со нив. Освен тоа, тие се толку добри, па не сакаат никој да повредат со тоа што ќе ја откријат нечија тајна.